М БРОКЕР КЛУБ
М БРОКЕР КЛУБ им се заблагодарува на сите свои лојални клиенти!
Посебно за нашите лојални клиенти ние го создадовме М БРОКЕР КЛУБ. Учесниците на клубот добиваат картичка и користат специјални попусти при купување осигурување во канцелариите на М БРОКЕР.
Учеството во клубот е целосно бесплатно. Секој клиент кој ја посетил канцеларијата на М БРОКЕР и купил полиса автоматски добива право да му биде издадена картичка за членство во клубот. Таа се издава во моментот, врз основа на пополнета апликација од страна на клиентот и сите трошоци се на сметка на М БРОКЕР.
Со учество во М БРОКЕР КЛУБ, сопственикот на картичката му дава право на М БРОКЕР да ги користи овие лични информации само за издавање на клуб картичка и неговото учество во клубот и се согласува со можноста да добие на одредената адреса, телефон и e-mail пораки за промоции и попусти на кои има право како учесник во клубот.
Секој член на М БРОКЕР КЛУБ може во секое време да го прекине своето учество во клубот со писмена изјава до М Брокер.
М БРОКЕР КЛУБ постојано се развива. Ние сме среќни што може да им обезбедиме на нашите клиенти подобри услови за склучување на различни видови на осигурување и да привлечеме нови партнери за да обезбедиме гарантирани попусти за членовите на клубот.