Често поставувани прашања
                                1. Што е полиса?
                                 
                            
                            Полиса е пишан документ (хартија од вредност) со кој се потврдува договорот за осигурување.
                        
                                2. Што е премија?
                                 
                            
                            Премија претставува износ кој го плаќа договорувачот врз основа на договорот за осигурување
                        
                                3. Што е осигуреник?
                                 
                            
                            Осигуреник е лице чиј движен или недвижен имот се осигурува
                        
                                4. Што е франшиза?
                                 
                            
                            Франшиза е задолжително учество во секоја штета
                        
                                5. Што е каренца?
                                 
                            
                            Каренца е временскиот период од потпишување на полисата до моментот на почнување на важноста, во кој што осигурувачот нема обврска да ја надоместува штетата
                         
                    