- Почетна/
- Правила и услови за користење
Политика за колачиња
Со цел зголемување на ефективноста, веб страната на М БРОКЕР АД Скопје користи колачиња.
Колачињата се мали текстуални датотеки, кои се испраќаат и зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате веб страната, без притоа да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други веб страни. Колачињата овозможуваат веб страната да го запомни изборот на корисникот (на пример корисничко име, претпочитан јазик и други подесувања) за определено време или даваат можност за други функционалности. Кога пристапувате на нашата веб страна, вие се согласувате да ги прифатите колачињата согласно подесувањата на вашиот пребарувач. Вие во секое време имате право да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња, да ги прифатите само неопходните колачиња или да ги одбиете сите колачиња, со исклучок на неопходните, кои ние ги користиме за да ви обезбедиме придобивки кои ќе ви заштедат време и ќе го подобрат вашето искуство при посета на нашата веб страна.
Кога ќе пристапите на нашата веб страна може да добиете порака која што ве известува дека користиме колачиња, со кликнување на „прифати ги сите“, затворање на поп – ап прозорецот или со продолжување со користење на веб страната вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на колачиња, како што се објаснети во оваа политика.
На известувањето има опција „поставки за колачиња“ со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета на нашата веб страна ќе бидат зачувани, односно може да одберете кои од претпочитаните колачиња кои не се задолжителни ќе бидат зачувани.
Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб пребарувач.
За повеќе информации околу начинот на кој обработуваме ваши лични податоци, ве молиме да ја погледнете нашата политика за заштита на личните податоци на нашата веб страна.
Имате право да го поставите вашиот пребарувач да не прифаќа колачиња, но ве молиме земете во предвид дека тоа би можело да има влијание на исправното функционирање на веб страната и непречено користење на услугите кои ги нудиме.
Имајте во предвид дека за да го запомниме изборот кој сте го направиле при изборот ние ќе користиме колачиња, што значи:
§ Доколку ги избришете сите колачиња, ќе биде потребно повторно да го ажурирате вашиот избор со прифаќање и користење на колачињата;
§ Доколку користите друг уред или пребарувач, ќе биде потребно повторно да го дадете вашиот избор за прифаќање и користење на колачиња.
За управување со колачињата, ние користиме cookiebot, кој се појавува како поп – ап прозорец кога за прв пат ќе ја посетите нашата веб страна. Оваа алатка е специјализирана автоматизирана платформа за управување со колачиња, која што е во целост усогласена со применливите прописи за заштита на личните податоци и овозможува транспарентна размена на податоци помеѓу корисниците и веб страните кои што тие ги посетуваат. Платформата дозволува да направите избор за употреба на колачиња, како и управување со вашиот избор, која може да ги скенира и пријави сите колачиња и тракери достапни на веб страната и нивно активирање исклучиво по добиена согласност од корисникот.
Видови на колачиња:
Ø Задолжителни колачиња
Ние немаме можност да ги исклучиме овие колачиња од нашите системи, бидејќи тие ни се неопходни за веб страната да биде употреблива. Со одбивање на овие колачиња, може да биде нарушен начинот на кој вашиот пребарувач ја вчитува нашата веб страна. Овие колачиња не собираат и не зачувуваат никаков вид на лични податоци.
Ø Претпочитани колачиња
Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб – страната да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.
Ø Статистички колачиња
Со статистичките колачиња кои што се користат, ве индивидуализираме преку податоци за вашата ИП адреса, и со нивно користење имаме можност да ја подобриме содржината на нашата веб страна согласно однесувањето на нашите корисници. Податоците добиени со колачињата заедно со податоците кои ни ги давате како наши клиенти, ние имаме можност да ја обезбедиме потребната услуга што е можно подобро.
Во нашата политика за лични податоци може да најдете подетални информации за начинот на користење на вашите лични податоци.
Ø Маркетинг колачиња
Овие колачиња служат за собирање на информации од платформите што ги користиме за маркетинг анализа и рекламирање. Преку нив складираме информации за тоа каков корисник сте, кои се вашите интереси, кои веб страни сте ги посетиле претходно и слично. На овој начин, можеме да насочиме реклами приспособени на вашите интереси кога посетувате други веб страни. Колачињата за маркетинг и рекламирање исто така користат информации за вашиот пребарувач и уредот на кој пристапувате до веб – локациите за да ве идентификуваат. Вие имате право да не ги дозволите овие колачиња и во тој случај ќе добивате помалку насочено рекламирање.
Ø Некласифицирани колачиња
Некласифицираните колачиња не припаѓаат во ниту една група на колачиња.
Не користиме колачиња од овој вид.
Контролирање на колачињата
Како корисник, имате можност да ги контролирате колачињата, да ги избришете колачињата зачувани на вашиот уред и да ја оневозможите нивната употребата. Детални упатства за бришење колачиња за различни пребарувачи и оперативни системи може да се најдат на http://www.aboutcookies.org/ (на англиски јазик).
Кога пристапувате на веб страната на М БРОКЕР АД Скопје, имате право да ги контролирате колачињата со поп ап прозорецот, со правење на соодветен избор „Прифати ги сите“ за прифаќање на сите колачиња, „Одбиј“ во случај да не се согласувате со користење на колачиња освен „Само задолжителни“ без кои веб страната не може правилно да функционира.
Политика за приватност на М БРОКЕР АД Скопје
Почитувањето на приватноста, вклучително и заштитата на личните податоци е од суштинско значење за нас, како резултат на што сме посветени на заштита на личните податоци и гарантирање на безбедност и доверливост за што Ве молиме подетално да се запознаете со информациите за обработка на Вашите лични податоци во М БРОКЕР АД Скопје („Друштвото“).
Со оваа политика за приватност („Политиката“ или „Политиката за приватност“) ние го прикажуваме начинот на кој собираме и користиме лични податоци, како и методите кои се користат и за кои цели Друштвото ги обработува податоците прибрани од вас; или кога вие ја посетувате или ги користите нашите услуги преку веб страната www.mbroker.mk („Веб страната“); или преку телефонскиот број 13 388 („Телефонска поддршка“); или било кој друг канал кој би можел да биде достапен, вклучувајќи и услуги на групата преку трети лица („Достапни канали“). Исто така даваме објаснување за правата на субјектите и нашите обврски и одговорности.
1. КОНТРОЛОР
1.1. Контролор е Осигурително брокерско друштво М БРОКЕР АД Скопје
Осигурително брокерско друштво М БРОКЕР АД Скопје, ЕМБС 7594232 | |
Седиште: | Контакт лице (нашиот офицер за заштита на лични податоци) за било какви коментари, прашања или информации: |
Ул. Ленинова бр. 81 – 1/1.2, 1000 Скопје | Ристе Глигоровски e – mail: [email protected] |
1.2. Контролорот е во целост одговорен за правилна и законска обработка на личните податоци кои можеме законски да ги обезбедиме од Вас.
2. ДЕФИНИЦИИ И ПОИМИ
Во Законот за заштита на личните податоци се предвидени бројни дефиниции и не е соодветно да се пренесат сите во оваа Политика, но најзначајните дефиниции содржани во истата се:
§ „Група” – М БРОКЕР и подружниците;
§ „Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на Вашите лични податоци;
§ „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на Вас, вклучувајќи податоци обезбедени од јавни регистри и јавни бази и податоци законски обезбедени преку трети лица, преку кои Вие може да бидете директно или индиректно идентификувани, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, телефон или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за Вашиот идентитет;
§ „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои можат да бидат извршени врз Вашите лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
§ „Псевдонимизација на Лични податоци“ или „Анонимизирање на Лични податоци“ е алтернатива на бришење или уништување на Вашите Лични податоци. Со ова се отстрануваат сите елементи со кои директно или индиректно може да бидете идентификувани. Псевдонимираните или анонимизираните податоци не претставуваат лични податоци;
§ „Закон” – Закон за заштита на личните податоци (Службен весник бр.42/20).
3. НАЧЕЛА ПОВРЗАНИ СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
3.1. Вашите податоци ги собираме и понатаму ги обработуваме во согласност со применливите закони и тоа законот за зашита на личните податоци, законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, оваа Политика и условите кои произлегуваат од договорите кои ги склучуваме со Вас. Вашите лични податоци ги добиваме директно од Вас кога:
- Ја користите нашата Веб страна;
- Барате понуда за осигурување;
- Барате информации од нас;
- Поднесувате пофалба или поплака;
- Се претплатувате за добивање на известувања од М БРОКЕР АД Скопје;
- Учествувате во наградни игри организирани од нас;
- Во други случаи определени со оваа Политика.
3.2. Каналите од кои собираме Ваши лични податоци, се наведени како што следи:
3.2.1. При посета на Веб страната
Нашата Веб страна е јавно достапна и наменета за користење и за информирање на пошироката јавност а овозможува и користење на други функции. Како наш посетител имате право да одлучите кога и на кој начин ќе стапите во контакт со нас со користење на еден од начините согласно Достапните канали.
3.2.1.1. Ние ги користиме податоците поврзани со посетата на Веб страната за следните цели:
- Следење и анализа на работењето на Веб страната;
- Техничко одржување и развој на Веб страната и услугите кои ги нудиме;
- Известувања за услугите и производите на Друштвото и други важни информации;
- Управување на односите со постојните клиенти и обезбедување на избраните услуги;
- Други цели согласно оваа Политика.
3.2.1.2. При посета на Веб страната серверот автоматски собира детали за Вашата посета како што се:
- IP адреса;
- URL адреса на веб страната од која сте пристапиле до нашата Веб страна;
- Поставки на пребарувачот на Вашиот компјутер или мобилен уред;
- Содржината до која пристапувате на Веб страната;
- Датумот на пристап и времетраењето на посетата на Веб страната.
3.2.1.3. На Веб страната ќе го сретнете и поимот колачиња, кои се составен дел на оваа Политика. Колачиња се мали текстуални датотеки, кои повеќето веб страни ги сочувуваат во уредите на корисниците, со кои се поврзуваат на интернет со цел препознавање на уредите кои корисниците ги употребиле при пристапување. Посетителот, односно корисникот на веб страната може да ги сочува, ограничи или оневозможи колачињата. Колачињата се наменети за обезбедување подобро прилагодени веб страни, бидејќи ги регистрираат интересите на поединецот, преференците и искуствата и ја подобруваат ефикасноста на барање информации, при што не е можно да се идентификува конкретниот корисник.
3.2.2. При пополнување на онлајн формулари
3.2.2.1. Во онлајн формуларите по правило се наведени личните податоци кои ни се потребни за да ви ги обезбедиме потребните информации, помош или услуги. При нивно пополнување може да собираме и обработуваме дополнителни лични податоци како што е наведено во листата подолу:
Дополнителни податоци | Цел на обработка на податоците |
Е – маил за известување, кога има можност за идентификување на поединецот | Обезбедување на реализација за склучување на договори за осигурување |
Име, презиме, е – маил, ЕМБГ, датум на раѓање и други податоци за идентификација (на пример број на полиса за постоечки клиенти) | Обезбедување на реализација за склучување на договори за осигурување |
Име, презиме, е – маил, телефон, посакувана локација и датум на посета, во случај да имате барање за застапник | Обезбедување на информации во врска со услугите кои ги нудиме |
Име, презиме, адреса, поштенски број, место, телефон, е – маил, соджина на прикачениот документ, вид на известување (поплака/пофалба) и содржина | Разгледување и следење на поплаката/пофалбата и подобрување на квалитетот на услугите |
3.2.3. При е – маил комуникација
Вие имате право да ни пратите електронска порака. Во овој случај вие одлучувате кои лични податоци сакате да ни ги откриете.
3.2.4. При телефонска комуникација
3.2.4.1. Контакт преку телефон во случај кога сте се согласиле за телефонски повик како начин на осварување на комуникација.
3.2.4.2. Во случај на снимање на телефонскиот разговор за тоа ќе бидете известени пред почетокот на разговорот. Овие снимки се чуваат и обработуваат со цел да се обезбедат докази за деловната комуникација, односно со цел да се обезбедат фактите и околностите на секој случај поединечно и за информациите дадени од Ваша страна а во согласност со одредбите од законот кој ги регулира електронските комуникации.
3.2.5. При снимање на настани
3.2.5.1. Друштвото го промовираме со организирање на разни спортски, културни и општествено одговорни манифестации, во чии рамки може да ги обработуваме личните податоци на учесниците.
3.2.5.2. Првата обработка на личните податоци се случува при пријавување на учесникот во моментот кога се пријавува за настанот и во овој случај водиме грижа да ги собираме само оние лични податоци за учесниците кои ни се потребни за целите на изведување на манифестацијата односно настанот. Поединецот, при пријавување на настан може да пополни и образец – Согласност за обработка на лични податоци, односно снимки на кои е прикажан, што значи фотографија и/или видеоснимка. Обработката на снимките, кои го содржат ликот на поединецот ги вршиме врз основа на неговата согласност, а уште повнимателни сме кога на снимките има малолетно лице, помладо од 15 години (во тој случај бараме согласност за обработка на личните податоци да даде неговиот законски застапник или старател). Согласност ни е потребна и за изработка на видео, како и за нивно објавување на Веб страната, социјалните мрежи, печатените медиуми и сл. Без согласност ги објавуваме само оние фотографии, на кои лицето не може да идентификува, односно не може да се препознае (нејасна фотографија, снимка во грб, детал на прекрстени раце).
3.2.5.3. Поинаку постапуваме во случај на масовни посети или поголеми манифестации. Секој поединец, кој ќе земе учество во поголема или јавна манифестација (како учесник или како гледач) мора да биде свесен дека на таква манифестација веројатноста дека ќе биде снимен е поголема. Доколку снимиме репортажа која вклучува ликови на поединците, секогаш внимаваме поединецот да не биде централен мотив на снимката. Пред реализација на вакви манифестации секогаш објавуваме известување дека настанот ќе се снима. Овие Лични податоци се чуваат во рок од пет години од нивното создавање.
3.2.6. При организирање на наградни игри
3.2.6.1. Кога учествувате во некоја од наградните игри, организирани од нас а во рамките на пријавата за учество во истата сте ги доставиле Вашите Лични податоци, ние може да ги обработуваме Вашите Лични податоци како самостоен контролор на бази на лични податоци или како групен контролор на бази на лични податоци со други лица со кои соработуваме при реализирање на наградната игра, доколку има заедничка соработка.
3.2.6.2. Вашите лични податоци ги обработуваме примарно за цел на реализацијата на наградната игра и за доделување на наградите врз основа на евентуална согласност. Личните податоци ги чуваме до завршувањето на реализацијата на секоја наградна игра посебно, односно во рок од десет години во случај на прием на награда, а во случај на согласност, до нејзино отповикување.
3.2.6.3. Доколку сте добиле награда чија вредност е поголема од 5.000,00 денари, ние ќе ги обработуваме Вашите податоци и за целите на уплата на аконтација на персонален данок на доход во согласност со законот за персонален данок на доход и истите ќе ги доставиме до надлежниот даночен орган. Ваквите податоци ќе ги чуваме во рок од десет години.
3.2.7. Маркетинг цели
3.2.7.1. Доколку при пријава за учество во наградна игра сте дале соодветна согласност, ние можеме да ги обработуваме Вашите Лични податоци како што е наведено во листата подолу:
Цел | Што претставува дадената согласност | Кои податоци ги обработуваме |
Директен маркетинг | Подготовка на понуди согласно Вашите потреби, барања и интереси, со цел да ви понудиме услуга специјално прилагодена за Вас | Име, презиме, адреса, ЕМБГ, датум на раѓање, е – маил, телефонски број, возраст и/или времетраење на осигурувањето, со цел усогласеност со барањата на законот за супервизија на осигурувањето |
Пренос на Вашите податоци на поврзани друштва кои се занимаваат со осигурително брокерски работи и/или финансиски услуги за известување и понуди прилагодени на Вас | Запознавање со своите понуди кои може да бидат прилагодени на Вас | Име, презиме, адреса, ЕМБГ, датум на раѓање, е – маил, телефонски број и цели за обработка за кои сте дале согласност |
3.2.7.2. Одредени активности во врска со маркетинг целите ги вршиме и во согласност со своите легитимни интереси и тоа:
- Кога главната цел е деловна комуникација со Вас, во овој случај маркетинг содржините се отпечатени на задната страна на деловните документи или се додадени во потписот на пратената електронска пошта;
- Праќање на понуди до потенцијални клиенти, во овој случај користиме лични податоци кои не се категоризирани како посебна категорија на лични податоци.
3.2.8. Реализација на програми за бенефиции и поволности
3.2.8.1. Овие лични податоци од нашите бази на податоци ќе ги обработуваме за потребите за реализација на програмите за поволности, односно понуда на разни бенефиции и дополнителни попусти. Вклучувањето во оваа програма е на доброволна основа. Во овие програми, врз основа на пристапна изјава, ќе ги собираме и обработуваме следните податоци, како што е наведено во листата подолу:
Податоци за носителот | Име, презиме, ЕМБГ, датум на раѓање, контакт податоци (улица, број, поштенски број, населено место, телефонски број и е – маил) |
Податоци за членот | Име и презиме на носителот, име, презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, поврзаноста на членот и носителот |
Подароци | / |
Податоци за висината на попустот | / |
4. ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ РАБОТИ И ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
4.1. За посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие и при реализирање на отштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан истото може да го реализираме само со обработка на Вашите Лични податоци. Ваквата обработка ќе биде со најголема грижливост и само во степенот кој е неопходен за да ги постигнеме законските цели на обработка на личните податоци, согласно основот кој произлегува од законот за супервизија на осигурувањето за овие цели.
4.2. Податоците кои ни ги имате доверено, во најголем дел ги користиме само за оваа намена. Во зависност од околностите, ние некогаш имаме потреба да ги користиме овие информации и за други цели, но само во случај кога имаме соодветен правен основ за тоа. Таквите други цели за обработка најчесто произлегуваат од посебните обврски за нас согласно одредбите на посебните закони (пр. известување на надзорните органи на осигурително брокерски друштва, органи за прогон, даночни органи и слично).
4.3. Во најголем дел личните податоци ги добиваме од Вас, а во определени случаи, во зависност од видот на услугата, може да ги добиеме и од други правни и физички лица или од државни органи.
5. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ВРЗ ОСНОВА НА ЛЕГИТИМНИ ИНТЕРЕСИ
5.1. Ние вршиме обработка на лични податоци во одредени случаи и според категоријата на лицата врз основа на следните легитимни интереси:
- Подобрување, развој и надградба на услугите, системите и производите кои ги нудиме;
- Техничко одржување на Веб страната;
- Управување со односите со клиентите и следење на нивното задоволство;
- Подобрување на деловната комуникација со маркетинг содржини;
- Контактирање на клиентите за обновување или продолжување на полисите;
- Идентификување на потребите и барањата на потенцијалните и постојните клиенти;
- Испраќање на понуди до сите потенцијални клиенти без претходно профилирање и испраќање на понуди со претходно профилирање кога користиме тесен сет лични податоци, кои не се посебни категории на лични податоци;
- Обезбедување на функционирањето на информатичките системи, безбедност на мрежата и информациите (спречување на настани, незаконски или злонамерни дела кои ја загрозуваат достапноста, автентичноста, интегритетот и доверливоста на зачуваните или пренесените лични податоци и безбедноста на ИТ услугите), спречување на неовластен пристап до информатичките системи и соодветна реакција на компјутерски безбедносни закани и инциденти;
- Заради заштита и осигурување на имотот и вработените на Друштвото од закани и насилство и во слични случаи кога без обработка на лични податоци на поединци не би можеле да ги осигураме и спроведеме сопствените легитимни интереси и права во согласност со применливтие прописи;
6. КАТЕГОРИИ НА КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
6.1. Ние не ги пренесуваме Вашите Лични податоци на трети лица, освен кога за тоа имаме обврска кон надворешни корисници но само доколку истите имаат соодветна правна основа за добивање на Вашите податоци. Таквите корисници најчесто се разни државни органи на кои им се потребни Вашите лични податоци како дел од официјалните постапки кои ги спроведуваат, но исто така може да бидат и поединци доколку побараат пристап до податоците преку суд или доколку со сигурност докажат дека Вие лично сте ги овластиле да ги добијат Вашите податоци.
6.2. Применото барање за споделување на Вашите Лични податоци од страна на трети лица секогаш се проверува за да се утврди дали тие се поднесени од лице кое е овластен барател и дали тој има соодветна правна основа за нивно стекнување. Во случај барањето да е нецелосно, ние ќе одбиеме доставување на Вашите податоци од наша страна.
7. КАТЕГОРИИ НА ОБРАБОТУВАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
7.1. Во согласност со законските прописи ние ангажираме разни договорни обработувачи за одделни делови за обработка на лични податоци кои вршат дел од услугите за име и за сметка на Друштвото, при што задолжително склучуваме договори за обработка на лични податоци со такви договорни обработувачи на лични податоци со кои ги обврзуваме на истиот стандард за заштита исто како и ние сами да ги вршиме овие издвоени делови од обработката на личните податоци. Согласно овие договори, овие договорни обработувачи вршат нивна обработка само за реализација на дефинираните услуги и за никаква друга цел, ниту пак смеат да го користат за свои цели или цели на трети лица.
8. ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
8.1. Вашите податоци ќе ги чуваме во периодот неопходен за постигнување на целите утврдени со оваа Политика, освен доколку не е неопходен или дозволен со закон подолг период на чување.
8.2. Согласно законот за супервизија на осигурување, податоците се чуваат десет години по истекот на договорот или во случај на настанување на штета десет години по затворање на случајот. Во случај на судска постапка за наплата на ненаплатени обврски од договорите, личните податоци се чуваат десет години од завршување на судската постапка. По истекот на рокот за чување податоците се бришат од базите на податоци, а документацијата се уништува на начин што не е можно да се утврди содржината или не е можно нивно повторно користење.
8.3. Вашите Лични податоци кои ги обработуваме врз основа на Ваша согласност и за целите кои се наведени во дадената согласност ги чуваме до Вашето отповикување на согласноста или пак Ваш приговор за обработка на податоците за целите на директен маркетинг.
9. АВТОМАТИЗИРАНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ И ПРОФИЛИРАЊЕ
9.1. Некои лични податоци може да се обработуваат на автоматизиран начин кога таквата обработка е неопходна за склучување или реализација на договор со Вас, кога тоа е дозволено со законските и подзаконските акти и кога се преземаат соодветни мерки за заштита на Вашите права и слободи и врз основа на Ваша согласност.
9.2. Во случај на обработка на податоци со користење на автоматски средства кои што имаат правни ефекти врз Вас или на сличен начин значително влијаат врз Вас, имате право да побарате одлуката што се заснова само на автоматизирана обработка да не важи за Вас, со испраќање на барање на [email protected] и во овој случај ќе се осигураме дека автоматизираната одлука повторно ќе биде преиспитана од надлежно лице кај нас.
10. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
10.1. Технички и организациски мерки
10.1.1. Ние спроведуваме физички, организациски и технички мерки за заштита на податоците од загуба, кражба, недостапност и неовластено користење. Ние ги штитиме Вашите податоци во согласност со важечкото законодавство и интерните акти со кои се регулира заштитата и безбедноста на личните податоци како и областа на информатичката безбедност.
10.1.2. Сите вработени, договорни обработувачи и други правни лица кои за обработка на податоците имаат Ваша лична согласност или друга соодветна правна основа за обработка се обврзани да ја штитат доверливоста на Вашите податоци и не смеат да откриваат на неовластено лице или лица кои немаат соодветна основа за обработка на Вашите лични податоци. Ние дозволуваме пристап до Вашите Лични податоци само на оние лица кои треба да ги знаат овие податоци за да можат да ги обработуваат во наше име. Овие лица се обврзани со договорни обврски во врска со доверливоста, а во случај на какво било прекршување, против нив може да се поведат соодветни постапки.
10.1.3. Деловните простории каде што се наоѓаат носачите со лични податоци, хардверот и софтверот, внимателно се заштитени со мерки, кои што на неовластени лица им оневозможуваат неовластен пристап до личните податоци.
10.1.4. Ние спроведуваме, прегледуваме и одржуваме безбедносни процедури што ги исполнуваат најновите техники, стандарди и практики за заштита на податоците.
10.1.5. Интерната мрежа е заштитена од надворешниот свет со заштитен ѕид и други активни системи за превенција, за откривање на упади, кои што се од најновата технологија.
10.1.6. Веб апликациите се достапни само откако ќе се најавите со индивидуална идентификација, како што се корисничко име и лозинка, личен дигитален сертификат и други. Корисниците имаат пристап само до податоците што им се потребни за да ја извршат својата работа и задачи до кои имаат право на пристап.
10.2. Препорачани мерки за заштита на приватноста и одговорност на поединците
На поединците односно на сите оние на кои се однесува оваа Политика им препорачуваме да ја заштитат својата приватност:
- Обезбедување на точни и ажурирани информации
Во случај да сте корисник на нашите услуги, Ве молиме тековно да не известувате за промените во Вашите Лични податоци, за што ние ќе извршиме ажурирање во најбрз можен рок по добиеното известување. Дополнително, Ве известуваме дека при склучување на договор со нас, може да дадете Ваша согласност за комплетноста, точноста и ажурирањето на Вашите Лични податоци, со вака дадената согласност во случај на сомневање ќе имаме можност да ја провериме нивната точност и сами да ги добиеме од официјалните евиденции и јавните регистри во случај на грешки при запишувањето на личните податоци.
- Електронска пошта
Пред да ни испратите необезбедена електронска порака преку Вашиот провајдер на интернет услуги, Ве молиме земете во предвид дека нејзината содржина на интернет може да не биде заштитена од неовластено читање, фалсификување, умножување и слично.
- Користење на лозинки
Ние ви препорачуваме да ја осигурате безбедноста на лозинките или другите идентификатори што ги користите за најавување и да внимавате да ги чувате правилно и да не ги откривате на други лица. Доколку пронајдете злоупотреба на Вашето корисничко име и лозинка или друг идентификатор кој што го користите Ве молиме да не известите на [email protected] што е можно поскоро, а по приемот на известувањето ние ќе се погрижиме да спречиме натамошна употреба на таа лозинка. Во случај да ги изгубите или заборавите Вашите податоци за најава кои ги користите за пристап до Веб страната, имате можност да ја ресетирате корисничката лозинка со внесување на личниот е – маил кој сте го навеле како контакт е – маил на кој и ќе добиете известување со линк за ресетирање на Вашата корисничка лозинка.
- Антивирусна заштита
Ви препорачуваме на уредот за пристап до нашите содржини да имате инсталиран и активен софтвер за заштита од малциозен софтверски код.
- Правила на дигиталните социјални мрежи
Ние сме во контакт со поединци и пошироката јавност преку дигиталните социјални мрежи, поради што е важно поединците да се запознаат со нивните правила односно политики за приватност и поставките за приватност.
- Линкови до други веб страни, апликации и услуги
Веб страната може да обезбедува линкови до веб страни на трети лица или да вклучува веб страни и услуги на трети лица, во овој случај ние не сме одговорни за заштита на приватноста или на личните податоци од страна на трети лица, даватели на апликации, даватели на оперативни системи, даватели на безжични услуги и слично. Во случај да изберете да посетите таков линк, ние не сме одговорни за достапноста на избраната страница, мобилни апликации или други услуги на трети лица. Ние исто така не ги проверуваме веб страните на трети лица, нивните мобилни апликации или услуги и не сме директно или индиректно одговорни за нивната употреба и содржина, собирање и обработка на какви било податоци од страна на веб страните, мобилните апликации или услугите на овие лица. Со оглед на горенаведеното, Ви препорачуваме пред да ги користите услугите или мобилните апликации на трети лица или пред да внесете какви било лични податоци во нив, информирајте се за нивните политики за приватност или изјавите за заштита на приватноста, кои се достапни или на нивните веб страни или при пристап (регистрација) во ваква мобилна апликација.
- Деца и лични податоци
Ние не ги собираме личните податоци на децата на нашата Веб страна, со исклучок на учество во наградни игри и добивање снимен материјал на настани организирани од наша страна при што секогаш настојуваме личните податоци на децата да ги собираме во разумна мера. Во врска со личните податоци на деца под 15 години, Друштвото води посебна грижа да не ги собира, користи или открива нивните лични податоци, кои ги добиваме исклучиво преку контакт податоците на родителите или старателите.
Кога на одделен настан во наша организација учествуваат и деца на возраст под 15 години, ние ги добиваме и обработуваме нивните слики само со претходна писмена согласност од нивните родители или старатели. Родителите, во рамките на согласностите, може да ни дозволат да ги обработуваме личните податоци на детето заради доделување награди и за објавување на податоците за добитниците. Ако дете под 15 години ја освои наградата, родителите или старателите на детето ќе бидат известени по е – маил, телефон или во писмена форма.
Особено би сакале да ве предупредиме дека електронските социјални мрежи во однос на нивната употреба и политиките за приватност, за кои ние не сме одговорни, имаат одредено пониска старосна граница за учество на децата, под претпоставка дека сите корисници или луѓе кои ставаат допаѓања, следат или на некој друг начин се вклучени во социјалната мрежа се постари од 13 години.
Во однос на горенаведеното и употребата на интернет и во врска со други услуги на информатичкото општество, Ви препорачуваме да разговарате со Вашето дете за безбедно користење на интернет и мобилни уреди за да избегнете откривање лични податоци на децата на интернет и комуникација со непознати лица.
11. ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА ВО ВРСКА СО ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ако личните податоци се обработуваат врз основа на согласност, поединецот може во секое време привремено или трајно да ја отповика својата согласност за обработка на лични податоци; поединецот исто така може да се спротивстави на обработката на лични податоци што се однесуваат на него за целите на директен маркетинг или да побара пристап, дополнување, корекција, ограничување на обработка, пренесување или бришење на лични податоци или да поднесе приговор против обработка на лични податоци што се обработуваат во врска со него, со писмено барање испратено на адресата на Друштвото, или преку [email protected]. Вашето отповикување важи за во иднина и не влијае на обработката на лични податоци што била извршена пред Вашето отповикување.
Ако се спротивставувате на обработката на лични податоци врз основа на нашите легитимни интереси, ние повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци освен ако не докажеме во согласност со одредбите на законот дека легитимните причини за обработка ги надминуваат Вашите интереси, права и слободи, или за остварување реализација или одбрана на правни барања.
Исто така, би сакале да Ве потсетиме дека доколку сметате дека се прекршени прописите со кои се регулира заштитата на личните податоци, имате право да се обратите до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорен орган за заштита на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
12. ПРЕД – ДЕФИНИРАНИ ПОЛИЊА
12.1. Ние може да користиме пред – дефинирани полиња за Вашите контакт податоци во нашите дигитални Достапни канали и други системи со цел да ги направиме нашите услуги попогодни за користење. Полињата се пред – дефинирани доколку сте ги внеле Вашите Лични податоци во полињата во нашите дигитални канали и други системи и доколку сте наш клиент. Ние ќе ги пополниме пред – дефинираните полиња со Вашите податоци кои сте ни ги доставиле при склучување на последниот договор. Вие мора секогаш да проверите дали податоците во пред – дефинираните полиња се точни.
12.2. Доколку не сакате Вашите контакт детали да бидат пополнети во пред – дефинираните полиња во нашите дигитално Достапни канали или други системи, имате право да се откажете од оваа опција, за што имате право во секое време да не контактирате.
13. КОЛАЧИЊА
Со цел зголемување на ефективноста, Веб страната на Друштвото користи колачиња. За подетални информации поврзани со колачињата, Ве молиме да ја прочитате нашата политика за колачиња, објавена на Веб страната на Друштвото.
14. АЖУРИРАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА
Од време на време, може да направиме измени на оваа Политика. Сите промени ќе се применуваат од моментот на објавувањето на ревидираната политика на Веб страната.
Понатамошно користење на Веб страната или нашите услуги по објавените измени во Политиката, значи дека сте согласни со промените.