ИЗБЕРЕТЕ ПОКРИТИЕ СПОРЕД ВАШИТЕ МОЖНОСТИ  БЕЗ РАЗЛИКА  НА ГОЛЕМИНА НА ВАШИОТ СТАН/КУЌА 

Во овој документ се сумирани клучните информации поврзани со производот за осигурување. Комплетните преддоговорни и договорни информации за производот се составен дел од општите и посебните услови за осигурување

М ДОМ претставува пакет за осигурување на домаќинства, односно станбени објекти од масивна градба, станови во колективни станбени згради, индивидуални семејни куќи, станови во индивидуални семејни згради, заедно со стварите на домаќинството кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство. 

Осигурително покритие

  • Станови, куќи  - градежни објекти од масивна градба;
  • Стварите кои служат за уредување на станот (мебел, ствари за домашна употреба, електронски и други технички уреди);
  • Стварите за лична употреба, со исклучок на мобилни телефони и таблети;
  • Готови пари и накит;
  • Кршење на прозорски стакла од атмосферски непогоди и од злонамерни дејстија на трети лица;
  • Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација;
  • Одговорност кон трети лица;
  • Трошоци за нужно сместување.

Исклучени ризици

  • Поплава, порој и висока вода;
  • Земјотрес;
  • Војна, воени движења и операции;
  • Тероризам, манифестации и демонстрации;

Останати исклучувања согласно условите за осигурување

Ограничувања на осигурувањето

Од осигурување се исклучени

  • ненаселени станови и куќи подолго од 3 месеци;
  • викенд куќи;
  • обејкти кои не се од масивен тип на  градба;
  • бесправно изградени објекти.

Покритие/ Пакет

М ДОМ - S

М ДОМ - M

М ДОМ - L

Градежен обjект од ризик пожар и некои други опасности согласно услови

1.500.000

2.000.000

3.000.000

Опрема, мебел од ризик пожар и други опасности согласно услови

250.000

300.000

450.000

Провална кражба и разбоjништво на вкупен износ

120.000

175.000

255.000

Подлимит за ризик Провална кражба и разбоjништво за Техничка опрема

120.000

110.000

170.000

Подлимит за ризик Провална кражба и разбоjништво за пари и накит

/

25.000

35.000

Подлимит за ризик Провална кражба и разбоj. За ИТ Опрема ( ПК, лаптоп, таблет)

/

40.000

50.000

Вклучен ризик излеванье на вода од водоводна и канализационна инсталациjа

/

35.000

60.000

Вклучен ризик Одговорност кон трети лица

15.000

35.000

60.000

Кршенье на стакло ( надворешно)

9.000

20.000

40.000

Трошоци за нужно сместуванье

/

35.000

55.000

ВКУПНА ПРЕМИJА ( МКД)

1.200

2.500

3.600

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Обврски на осигуреникот

Штетниот настан се пријавува во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје најдоцна во рок од 3 (три) дена од денот на настанување на штетата.

Премија за осигурување

Премијата за осигурување се плаќа еднократно, при склучување на осигурувањето и истата изнесува согласно избраниот пакет на покритие

Почеток и престанок на покритието

Осигурувањето, како и обврската на Осигурувачот, започнува  во 24:00 часот на денот означен како почеток на осигурување и престанува во 24:00 часот на истекот на 12 месеци сметајќи од денот на почеток на осигурување.