
M ДОМ- домаќинско осигурување за прилагодено на твојот буџет!
Домот не е само објект – тоа е место исполнето со љубов и спомени и голем труд. Заштитата на сето она што сте го изградиле е приоритет, а домаќинското осигурување ви овозможува токму тоа: сигурност и мир на умот.
Со соодветна полиса за домаќинско осигурување, сте заштитени од непредвидливи ситуации како пожар, поплава, кражба, или оштетувања предизвикани од временски непогоди. Дополнително, осигурувањето може да ги покрие и трошоците за поправки, сместување во друг објект додека трае санацијата, па дури и одговорност кон трети лица.
Инвестирајќи во осигурување, не само што го заштитувате вашиот имот, туку и обезбедувате стабилност и сигурност за вашето семејство. Не дозволувајте непредвидени настани да го загрозат вашиот дом – осигурајте се навреме и живејте без грижи.
Зошто М ДОМ?
Имајќи го предвид нашето искуство во осигурувањето и моменталните понуди на полиси за домаќинско осигурување, дојдовме до заклучок дека е потребно да создадеме наш личен продукт што ќе биде прилагоден на потребите на клиентите и во исто време ќе биде лесно разбирлив.
Неколку причини зошто М ДОМ е вистинскиот избор за тебе и твојот дом се:
- Цената на полисата не зависи од квадратурата
- Не е потребно приложување на имотен лист за изработка на полисата (имотниот лист е задолжително да се поседува и би бил неопходен во случај на штета)
- Вклучени се најчестите ризици за домот
- Најдобри цени на пазарот
Нашата цел беше да создадеме полиса што ќе даде најмногу вредност за цената. М ДОМ има три пакети, а цените се одлични и започнуваат од 1200 денари годишно!
За повеќе информации за продуктот, осигураните ризици и цените, побарајте ги нашите осигурителни брокери на 133 88 или [email protected]
Повеќе новости
Секоја година на 1ви јуни светот го слави Меѓународниот ден на детето – ден посветен на најмладите, на нивната среќа, развој и заштита.