Ристе Глигоровски за Осигурување магазин

2024-04-29

Ристе Глигоровски го даде првото интервју за Осигурување магазин, во кое тој сподели повеќе за развојот на М Брокер, плановите за нови производи и осигурителниот пазар во целина.

 

Идејата зад М Брокер

Идејата за М Брокер е родена во 2020 година за време на пандемијата. Анализата на пазарот на осигурителни услуги со фокус на одредени сегменти го насочува тимот да создаде и развие уникатни производи кои се надоврзуваат на корисничното искуство и го стимулираат размислувањето на граѓаните за придобивките од осигурувањето.

М Брокер е едно од најновите осигурителни брокерски друштва на пазарот, но е и едно од најбрзо растечките, со над 200 агенти ширум државата и 4 Продавници за полиси до моментов. Компанијата е препознаена и преферирана меѓу клиентите.

Новите производи се во фокусот на М Брокер

Компанијата веќе подготвува серија нови производи за понатамошно зајакнување на довербата на потрошувачите и им нуди нови можности прилагодени на нивните очекувања и потреби. Ристе споделува во интервјуто дека М Брокер исто така развива нов производ за домашно осигурување во соработка со една од најголемите осигурителни компании во Македонија. Производот е резултат на тесно проучување на странските пазари и адаптација на меѓународното искуство кон очекувањата на македонскиот пазар. Фокусот на создавањето нови предлози за осигурување е ставен на лесниот избор и соодносот цена-квалитет, а истовремено ја зголемува свеста за придобивките од осигурувањето.

Според Ристе, иако пазарот е доста конкурентен, предноста на М Брокер е тоа што има тим кој е воден од младeшката енергија и детската љубопитност, но пред се во човечноста кон колегите и клиентите. Таа  енергија и добар став се клучни за луѓето кои се приклучиле на компанијата. М Брокер има тим од стручни и енергични вработени кои секојдневно изненадуваат со своите резултати и тим кој од ден на ден станува се поголем и посилен. 

Што треба да знаете кога избирате брокер?

Според Ристе, постојат три водечки работи за кои треба да се внимава при изборот на брокер;

  • Пред се, брокерот мора да ги заштити Вашите интереси до крај.
  • Брокерот треба целосно да Ве информира за сите услови на Вашето осигурување и да одговори на сите Ваши прашања во детали и јасно.
  • Размислете за најмалку три различни понуди, разговарајте за нив со Вашиот брокер и направете информиран избор. 

Така работиме во М Брокер.

Ристе Глигоровски работел како агент во осигурителна компанија во раните 2000-ти и ова бил негов прв контакт со овој бизнис. Неговата љубов кон индустријата продолжува се до 2022 година, кога компанијата М Брокер се формира како природно продолжување и дополнување на финансиските и осигурителни услуги што ги нуди МФГ Групацијата во Македонија. Прочитај го целото интервју тук.

Повеќе новости
Следно

Броко е Вашиот виртуелен чувар, првото и најсигурно решение кога станува збор за осигурување.

ВИДИ ПОВЕЌЕ arrow logo arrow logo