Концерт во чест на незаборавниот Тоше Проески

2024-06-04

Со големо задоволство ве покануваме на концертот во чест на незаборавниот Тоше Проески, кој ќе се оддржи на 6 јуни во Дом на млади Штип. Овој настан е поддржан од М Брокер и ветува незаборавна вечер исполнета со музика и емоции.

Покрај концертот, ве повикуваме да се приклучите на крводарителската акција „Биди хуман како Тоше" која ќе се одржи од 10:00 до 16:00 часот во Домот на млади Штип. Оваа акција е посветена на сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат и да го следат примерот на Тоше. Вашето учество може да спаси многу животи и да донесе радост и надеж на оние на кои таа им е најмногу потребна.

Главниот концерт започнува во 21:30 часот каде ве очекува одлична атмосфера, прекрасна музика и многу забава. Не пропуштајте го овој уникатен настан и бидете дел од магијата на музиката на Тоше Проески.

Ве очекуваме со радост!

Повеќе новости
Претходно

На 01ви јуни Меѓународниот ден на детето, да ја разбудиме свеста за заштита на децата во секој поглед од животот, вклучувајќи ја и финансиск...

ВИДИ ПОВЕЌЕ arrow logo arrow logo