М БРОКЕР и МАКАМ-ТРАНС потпишаа стратешки договор за соработка

2025-06-24

М БРОКЕР АД Скопје и Асоцијацијата на транспортери МАКАМ-ТРАНС, официјално потпишаа договор за соработка со кој М БРОКЕР стана ВИП членка на асоцијацијата. Целта на соработката е заеднички да работиме на унапредување на осигурителните услуги за компаниите од транспортниот сектор.

Со ова партнерство, М БРОКЕР ќе овозможи специјализирани осигурителни решенија кои ќе ги покриваат специфичните потреби на превозниците како што се: задолжително осигурување од автоодговорност, осигурување на роба, ЦМР полиси, гаранциско осигурување, патничко осигурување на професионални возачи и др. МАКАМ-ТРАНС, како клучен претставник на транспортната индустрија, ќе обезбеди пристап до своите членки, овозможувајќи им да ги користат поволностите од оваа соработка.

Иницијативата е дел од стратегијата на М БРОКЕР за проширување на своето присуство во индустрии со по високи ризици, како што е транспортот, и за понуда на иновативни осигурителни решенија кои ќе ги заштитат интересите на компаниите и нивните вработени.

Повеќе новости
Претходно

Летото е време за патувања, авантури и нови доживувања.

ВИДИ ПОВЕЌЕ arrow logo arrow logo