
Зошто да изберете осигурување?
М Дом е идеална полиса за заштита на твојот дом. Ги покриваме сите неопходни ризици кои може да се случат, а осигурените суми се фиксни и не зависат од квадратурата! М Дом има три пакети и можете да го одберете оној што најмногу одговара за вашиот дом!
Осигурително покритие вклучва: Станови, куќи - градежни објекти од масивна градба (пожар); Стварите кои служат за уредување на станот (мебел, ствари за домашна употреба, електронски и други технички уреди); Стварите за лична употреба, со исклучок на мобилни телефони и таблети; Готови пари и накит; Кршење на прозорски стакла од атмосферски непогоди и од злонамерни дејстија на трети лица; Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација; Одговорност кон трети лица; Трошоци за нужно сместување.
Исклучени ризици:Поплава, порој и висока вода, земјотрес, војна, воени движења и операции, тероризам, манифестации и демонстрации, останати исклучувања согласно условите за осигурување.
Повеке информации видите ТУКА
Предности
- Квадратурата на објектот не влијае на цената
- Не треба да се приложи имотен лист за изработка на полисата (*потребно е да се поседува имотен лист во случај на штета)
- Опфатени се најчестите ризици кои се случуваат на еден дом
- Три пакети (S, M и L) со различни осигурани суми
- Најдобар однос цена/осигурени суми на пазарот

За кого е наменет продуктот?
Корисници- физички лица
Станбени објекти од масивна градба
Станови во колективни станбени згради
Станови во индивидуални семејни згради
Вклучени се ствари во домаќинството кои му служат за користење на осигуреникот
*Исклучоци: Ненаселени станови и куќи подолго од три месеци, викенд куќи, објекти кои не се од масивен тип на градба, бесправно изградени објекти