Информативни средби за поголема информираност на бизнис-секторот за корпоративно осигурување

2026-04-06

Изминатите неколку седмици М Брокер го стартуваше серијалот на информативно-едукативни средби наменети за бизнис клиенти, поврзани со корпоративното осигурување. Наша главна цел е да го доближиме навидум комплицираниот свет на осигурување до клиентите, а главното мото ни е дека само информирана одлука е добра одлука.

Првиот настан кој се одржа на 17.03.2026 беше организиран за компании членки на македонско-бугарската стопанска комора, каде главна тема на средбата беше дали компаниите во целост го заштитуваат својот бизнис преку полисите кои ги поседуваат. Разговаравме за сите видови на осигурување кои го штитат имотот и вработените, двата главни ресурси на секој бизнис. Средбата помина во одлична атмосфера и неформална дискусија со многу примери од секојдневната работа.

Вториот настан го организиравме за членките на Асоцијација Макам-транс на тема штети кај транспортери, еден од најпредизвикувачките сегменти во осигурувањето кога се во прашање штетите. Гости предавачи на оваа средба беа нашите соработници „Адвокатско друштво Мицев“, една од најреномираните адвокатски канцеларии за штети во осигурување.

More news
Previous

М Брокер, осигурителен брокер со повеќегодишно искуство и истакната експертиза во корпоративното осигурување ве поканува на

Learn more arrow logo arrow logo